еМагазин
Image default
Македонија

Сите пратеници кои гласаа за старт на промена на Уставот се обезбедуваат

Сите пратеници кои гласаа за иницијативата за промена на Уставот се обезбедуваат, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на новонабавената униформа наменета за припадниците на Единицата за специјални задачи денеска во касарната Илинден.

– Направивме безбедносна проценка на пратениците, претежно оние кои гласаа за отпочнување на процесот на уставни измени и тие ќе бидат обезбедувани се до оној момент, додека таа проценка не биде поинаква – рече Спасовски.

На прашањето од кого всушност се заштитиуваат тие пратеници истакна дека има реални закани, преку Фејсбук и другите социјални мрежи, но и директни закани, до нив, до нивните семејства, закани за уништување на нивниот имот.

– Секој кој ќе се обиде да внесе таква несигурност кон граѓаните ќе биде санкциониран, рече Спасовски.

Министерот додаде дека заканите доаѓаат и од група блиска до инцијативата „Бојкотирам“.

Во врска со тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и на Иван Стоиљковиќ од ДПСМ дека на пратеници им биле нудени пари за да гласаат, Спасовски нагласи дека за покренување такви постапки е надлежно обвиниелството и апелираше до него доколку има основи да покрене такви истраги.

Истакна дека доколку на некои пратеници им биле нудени пари, тие треба да пријават, бидејќи и самото нудење мито е кривично дело.

– Несериозно е да се излезе во јавноста и да се кажуваат невистини за нудење финансиски средства, таквите тврдења треба да се расчистат, додаде министерот Оливер Спасовски.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втора кривична пријава за закани кон пратениците преку Фејсбук

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Условна казна затвор од две години за Зоранчо Митровски за случајот „Империја”

Редакција

Двајца вработени во градинка во Крива Паланка позитивни на Ковид-19, установата ќе паузира две недели

Редакција

Детален преглед на состојбата со случаи на Ковид-19 по македонските болници

Редакција