еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Спасовски со препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во врска со зголемениот број исчезнати лица и шпекулациите во јавноста за нивни наводни киднапирања и убиства за продажба на органи, даде сет на препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица.

– Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.

– Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато.

– Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови.

– Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни.

– Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.

– Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни.

– Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.

„Додека проактивно ги адресираме овие препораки за да можеме да превенираме идни случаи од овој тип, мора да истакнеме дека полицијата активно и посветено работи на истрагите за сите тековни случаи на исчезнати лица. Ширењето на страв и лажни гласини не помагаат никому, а најмалку на фамилиите кои имаат празно место на масата. Дозволете, без шпекулации и ширење лаги да ја работиме нашата работа за да ги донесеме тие граѓани дома кај своите блиски или побрзо да ги решиме случаите“, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Дел од исчезнатите, завршуваат како самоубиства

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царовска: Ги поттикнувам родителите да ангажираат лиценцирани негувателки

Редакција

Таравари: Моите пациенти кои го прележале Ковид-19 имаат невролошки проблеми

Редакција

По кратко боледување почина Драган Чубриќ, долгогодишен новинар од Охрид

Редакција