еМагазин
Image default
Бизнис

Спасовски: Стокови резерви имаме доволно, во овој момент нема потреба од нивно активирање

Стокови резерви имаме доволно, обезбедени сме за повеќе од шест-седум месеци, но граѓаните треба да знаат дека во овој момент немаме потреба ниту од активирање на механизмот на стоковите резерви, ниту на што било друго, информираше денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата по повод вонредната состојба.

Тој појасни дека транспортот на стоки е нормален и дека можеме нормално, во договор со сите држави од регионот да вршиме набавки на сите стоки што се потребни за широката потрошувачка.

„Стокови резерви имаме доволно и во однос на државните стокови резерви меѓутоа и во однос на маркетите и големите трговски центри. Се снабдуваме со секојдневни стоки за широка потрошувачка. Така што во тој дел не треба да се грижат граѓаните.

Апел до граѓаните дека нема потреба од создавање залихи дома, да се купуваат непотребно голем број на намирници од маркетите и на тој начин да создаваме навалици и да ја зголемиме опасноста од ширењето на вирусот, туку напротив тоа што имаме потреба да го земеме и да бидеме солидарни“, порача Спасовски и додаде дека државата е таа која што има механизми и начини како да обезбеди.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Прв сет економски мерки на Владата за ублажување на последиците од коронавирусот

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжителен ПЦР тест ќе предизвика тотален колапс на секторот, реагираат туристичките агенции

Редакција

„Симболико“ го доби тендерот на МВР за оператор на кол-центар за лични документи „тежок“ 460.000 евра

Редакција

(Фото) Во петок се отвора новиот трговски центар Diamond Mall

Редакција