еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Владата очекува дека банките во земјава ќе бидат солидарни во овој момент не гледајќи го само својот интерес и профит. Според премиерот Оливер Спасовски, доколку не сакаат да бидат солидарни, тогаш уредба со законска сила може во секој момент да биде донесена и да дефинираат што треба да направат во банкарскиот систем.

„Разговараме и со Народна банка и комерцијалните банки. Најдовме механизми како да се одложат обврските. Банкарскиот систем е стабилен и тоа е многу важно во оваа криза. Може да се пофалиме дека во регионот имаме еден од постабилните банкарски системи и затоа преземаме мерки што ќе го одржат тој банкарски сектор на ова ниво денес и кој ќе биде за помош на државата и граѓаните.

Понудени се неколку решенија и очекуваме да видиме какви ќе бидат ефектите. Очекувам дека менаџментот на банките во овој момент нема да гледа само на сопствениот интерес и профитот и дека малку ќе погледнат и кон граѓаните и државата.

И секако ако тоа не се случува и ако јас и Владата гледаме дека тие не сакаат да бидат солидарни, тогаш уредбата со законска сила може во секој момент да биде донесена и да дефинираме што треба да направиме во банкарскиот систем“, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во однос на понудите на банките за одложување на обврските по кредите и наплата на камата во перидот за кој е одложено плаќањето.

Инаку, со уредба се даде можност банките да можат да понудат на физичките лица и на компаниите промена на договорните услови. Најголемиот дел од банките што ги објавија понудија одлагање на обврските за кредитите на граѓаните до шест месеци, односно заклучно со 30 септември 2020  година. Меѓутоа за одложувањето банките ќе пресметуваат редовна камата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

Ангеловска: Каматите на кредитите не се простуваат никаде

Народна банка: Банките да не делат дивиденда, добивката за зголемување на капиталот

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција

„Енерџи деливери солушнс“ го доби тендерот на Министерството за животна средина за набавка на струја вреден 813.000 евра

Редакција

Маж пронајден мртов во неговиот дом во Кучевиште

Редакција