еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Спасовски: Во МВР откриени 40 лица кои работеа со фалсификувани дипломи

Во Министерството за внатрешни работи биле откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи, откри министерот Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата „Клик-Плус“ на „ТВ 21“.

Овие лица, според Спасовски, стигнале и до значајна функција во МВР, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави.

Кривични пријави, како што рече министерот за внатрешни работи, биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.

Во котекст актуелната дебата за уставните измени во Собранието и тврдењата за закани кон пратеници, министерот Спасовски рече дека досега ниеден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот. Но, вели дека има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, и членови од истата партија.

Во гостувањето на „ТВ 21“ Спасовски рече и дека се бара амнестија за бившото раководство на опозицијата и како што вели за други луѓе кои им се од интерес.

Фото: МВР/видео: ТВ21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Движењето Беса и Алијансата за Албанците заедно зад кандидатурата на Блерим Река за претседател на државата

Редакција

Продолжува судењето: Кои се 33. лица обвинети за собраниските настани од 27 април

Редакција

По два циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека коронавирусот е целосно исчистен, вели Филипче

Редакција