еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Водењето истрага не значи градба на зграда, истрагите нема да ги водиме преку медиумите

МВР не е безбедноста во државата сама по себе, МВР и безбедноста во државата сме сите ние. И граѓаните и другите институции треба да преземат мерки од сопствената надлежност ако сакаме да бидеме ефикасни, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за безбедноста на граѓаните по се зачестените убиства што се случуваат.

Тој информираше дека во 2018 година се случиле 18 убиства, од кои само едно не е расчистено.

– Апелирам да не очекувате дека истрагите ќе ги водиме преку медиуми. Вие ќе ги поставите камерите, а јас ќе ги соопштам сите детали, иако знам дека тоа е многу интересно. Тоа од мене не го очекувајте. Кога ќе имаме конкретни информации, ние ги споделуваме со јавноста, рече Спасовски.

На прашањето колкав е временскиот период што му треба на МВР да излезе со детали за одредена истрага за расчистување на убиство, конкретно за убиството на „Рузвелтова“, Спасовски потенцира дека водењето на истрагите ќе заврши кога ќе завршат сите дејствија.

–  Водењето истрага не значи градба на зграда. Тоа не е план што се прави однапред и точно секој ден да ги добивате тие податоци и информации, рече Спасовски.

Наведе дека МВР презема превентивни мерки, кои придонеле бројот на убиства да биде значително намален во споредба со претходната година.

Во однос на убиството во Сарај, информира дека МВР за убиецот и во 2014 година и во декември 2018 година има поднесено кривични пријави до Јавното обвинителстово за носење оружје.

–  Таа постапка наместо да заврши со притвор оди по редовна постапка и тој е на слобода. Постојат многу вакви активности и тоа покажува дека мора системот да јакне, појасни Спасовски.

Во врска со пукањето на „Партизанска“ во Скопје, информира дека е констатирано оти се работи за пукање во воздух, а не за пукање помеѓу две возила. Најави дека многу скоро МВР ќе ги има идентитетите на лицата.

На прашање колкав е бројот на нелегално оружје во државата, министерот Спасовски посочи дека има многу претпоставки, но е многу тешко да се утврди таа бројка, посебно после конфликтот во 2001 година. Потсети дека беа организирани неколку акции за доброволно предавање на нелегалното оружје, но и можности за легализација на оружејто.

– Периодот за обновување на дозволите за оружјето го продолжуваме неколку пати. Граѓаните го имаат тоа право, меѓутоа не го користат. Едноставно не ги почитуваат роковите и покрај сите кампањи што ги водиме во јавноста, изјави Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „врие“ за зачестените убиства: „Пукано онде, мртов таму, убиство онаму… што е ова бе?“

Лесно се посегнува по оружје: Ладнокрвните убиства стануваат секојдневие

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 138 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127

Редакција

Владата одлучи: Полицискиот час ќе почне во 11 часот во недела и ќе заврши во вторник во 5 наутро

Редакција