еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Спасовски: Заедничките проблеми на безбедносните служби од регионот бараат заедничко дејствување

Заедничките проблеми со кои се соочуваат безбедносните служби од регионот како што се мигрантите, тероризмот, шверцот со оружје, артефакти, наркотици и слично наметнуваат потреба од заедничко дејствување, особено ако се има предвид дека овие недозволени активности во еден сегмент, за жал, се поддржани и од вработени во безбедносните служби.

Ова го посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска имаше обраќање на регионалниот министерски форум во рамки на Мрежата за подобрување на регионалната соработка на Единиците за внатрешна безбедност (НЕРЦИСУ). Форумот денеска и во наредните два дена се одржува во Софија во организација на бугарското МВР.

Говорејќи на темата „Зајакнување на регионалната соработка во борбата против корупцијата, со фокус на соработката меѓу министерствата одговорни за внатрешни работи во борбата против внатрешната корупција, министерот Спасовски посочи дека македонското МВР вложува значителни ресурси во Одделот за внатрешна контрола, криминалистисчки истраги и професионални стандарди како организациски единици во рамките на полицијата надлежна за борба против корупцијата во сопствените редови.

Нагласи дека градењето заемна доверба и механизми за регионална соработка помеѓу безбедносните служби од регионот ќе придонесе за зголемена ефикасност во спречувањето, откривањето и истражувањето на коруптивното однесување во полициските редови.

Спасовски рече дека МВР ја поддржува секоја иницијатива која ќе придонесе кон зајакнување на соработката на службите за внатрешна контрола од регионот од државите вклучени во мрежата НЕРЦИСУ, дотолку повеќе што интегрираниот пристап во работата, размената на информации, како и зајакнувањето на формите на оперативна соработка ќе резултираат со успешни операции на заедничките тимови.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани лани во Грција потрошиле 155,3 милиони евра

Редакција

Српската премиерка: Ќе и помогнеме на Македонија во регистрација на вакцината, понудивме лекарите да можат и во Србија да се вакцинираат

Редакција

Отворен Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана

Редакција