еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Спутник 5“ – вакцина за политичка победа на Русија или вистински лек за корона вирусот

„Спутник 5“ е името на новата вакцина против корона вирусот која ја одобрија руските власти, што веднаш предизвика лавина реакции и сомнежи по прашањето дали ги минала сите потребни тестови за да се користи за масовно вакцинирање.

Името го добила по првиот сателит што Советскиот сојуз го лансира во орбитата со што беше означен почетокот на трката за освојување на Вселената.

Асоцијацијата на името е повеќе од јасна ако се земе предвид дека сега во трка за развивање вакцина против корона вирусот се лаборатории од САД, Европа, Кина…

Но светските медиуми, укажуваат дека рускиот Институт „Џемелаја“ допрва треба да ја спроведе третата фаза на тестирање на вакцината врз десетици илјади волонтери во високо контролирани услови, процес кој единствено може да гарантира дека таа е безбедна за употреба.

Во моментов, во светот во различна фаза на испитување се 30 вакцини.

Според научниците, вакцина со сите потребни испитувања би можела да се појави на пазарот најрано на крајот на оваа година.

Сега западните медиуми коментираат дека на рускиот претседател Владимир Путин му требала победа на политички план и затоа толку рано објавил дека Русија е победник во трката за вакцина против корона вирусот.

Сепак, руските власти најавија дека вакцината во септември ќе се дистрибуира меѓу здравствените работници, а дека во јануари би почнало масовно вакцинирање што до некаде се поклопува со роковите поставени од науката.

Според првичните информации, 20 земји веќе нарачале милијарда вакцини „Спутник 5“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Русија ја има првата вакцина против корона вирусот, вакцинирана е и мојата ќерка

Фото:Фејсбук/Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 106 смртни случаи од Ковид-19 во 23 градови

Редакција

Одложено рочиштето за случајот против Стевчо Јакимовски за злоупотреба на службена положба и овластување

Редакција

(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кичево

Редакција