еМагазин
Image default
Македонија

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО

Поранешната директорка на Медиа принт Македонија (МПМ) Јана Станисављева и управителот Срѓан Керим денеска беа на распит во Специјалното јавно обвинителство во својство на осомничени лица во рамки на истрагата што ја води ова Обвинителство откако предметот го презеде од Основното јавно обвинителство Скопје, потврдија за МИА од СЈО.

Кривична пријава против Станисављева и Керим поднесоа поранешните вработени од „Медиа Принт Македонија“.

Станисављева и Керим, како што велат од СЈО, се повикани на распит во својство на осомничени лица за лажен стечај на МПМ, за злоупотреба на службена положба, како и за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра.

Во рамки на компанија МПМ беа дневни весници „Вест“, „Дневник“ и „Утрински“ и магазинот „Теа Модерна“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Нови „бомби“: Мицкоски разговара со исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО

Редакција

Филипче не размислува за оставка

Редакција

572 нови случаи на Ковид-19 од 4.511 тестирања

Редакција