еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Срамота: Шеесетина трговци неосновано покачиле цени на производи

Затворени се 22 угостителски објекта во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово, а 60-ина трговци неосновано покачиле цени на производи, претежно на лимоните, констатирале инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во тек на 5.155 надзори што ги спровеле од 22 до 27 месецов.

По налог на инспекторите цените се вратени на претходно ниво.

Во тек на 748-те контроли што ги спровел Државниот инспекторат за труд се изречени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата.

Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од Ковид 19, информира денеска на прес-конференција претседатеката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Како дел од активностите за контрола на почитувањето на мерките и активностите од Владата за спречување на коронавирусот, шесте инспекторати при Инспекцискиот совет спровеле вкупно 7.637 надзори од 22-ри до 27-ми месецов.

При спроведени 367 надзори од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени 19 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедноста на храна од овластени институции, а констатирана е и работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка, при што вработените се веднаш отстранети од објектот.

Дополнително се издадени и четири решенија за месарници и маркети за констатирана општа лоша хигиенска состојба во објектите поради што е наредена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 246 инспекциски надрзои и дополнително издал 2.774 дозволи за влез на професионални возачи  на товарни возила во државава, а констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за зашитита од Ковид 19.

Сто и осумдесет контроли спровел Државниот инсекторат за транспорт. Констатирал дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран и намален за 90 проценти, а еден автопревозник не ги почитувал препораките за преполовување на бројот на патници.

Не се откриени специфични отстапувања кај аптеките, каде Агенцијата за лекови извршила 36 надзори. Секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број лица, а цените се согласно препораките на Владата, рече Филиповска Грашкоска.

„Инспекциските служби продолжуваат да работат интензивно. Секој кој нема да ги почитува мерките ќе биде санкциониран, затоа што тие се донесени, пред се, за заштита на јавното здравје“, потенцираше Филиповска Грашковска, повикувајќи на одговорност од секој поединец и правен субјект.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Централ парк во Њујорк „станува“ болница за заразени од корона вирусот

Поради корона вирусот 800 евра месечна помош за 1,7 милиони вработени во Грција

Лимони има, а трговците на големо и мало да не манипулираат со цените

Пласидо Доминго хоспитализиран поради компликации од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 39-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 4 лица, дополнително пријавени уште 3

Редакција

Триглав осигурување Живот АД Скопје со нов Унит линк производ – одлична можност за балансирано инвестирање

Редакција

ЕЛЕМ распиша мултимилионски тендер за ископ во РЕК Битола

Редакција