еМагазин
Image default
Балкан

Србија: Целосно се урна потпорниот ѕид на коридорот 10 кон Македонија

Бетонскиот потпорен ѕид кој вчера делумно се урна на Коридорот 10 во Грделичка клисура, денеска поради лизгање на земјиште целосно е урнат.

Овој потпорен ѕид, кој се наоѓа на Коридорот 10 на делот од автопатот во изгрдба кон Македонија, на делницата Горно Поле- Царичина долина, во изминативе пет месеци паѓаше дури трипати.

Попорната конструкција вчера во должина од 50 метри и дестабилизација на делот од заштитната косина со вкупна должина од 725 метри, со што се уништени околу 500 квадратни метри галерија над местото каде се гради десната лента на новиот автопат.

За време на паѓањето на бетонот, земјата и камењата во близина немаше работници.

Србија, после вотрото паѓање на бетонскиот потпорен ѕид го ангажираше стручњакот на Светската банка Мариноса Скемпаса, експерт за косини за да го реши овој проблем, но сепак повторно дојде до уривање на потпорниот ѕид.

Со оглед на тоа што степенот на физичката реализација на оваа делница достигна 90,5 проценти изведени работи, работите на овој дел од трасата на Коридорот 10 ќе продолжат и покрај неопходната реконструкција на оваа градба, се истакнува во соопштението за јавноста, во кое не се наведува колку овој проблем ќе го пролонгира пуштањето во употреба на новиот автопат кон Македонија.

МИА/Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе повлече ли нога: Коѕијас не е член на Сириза, туку на Прато, кое има тројца пратеници

Редакција

Во Србија четири случаи на коронавирусот

Редакција

Во Црна Гора исчезна седумгодишно девојче, туристка од Русија

Редакција