еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија и Словачка прогласија вонредна состојба поради корона вирусот

Србија синоќа прогласи вонредна состојба низ целата територија поради епидемијата на коронавирусот. Претседателот на земјата, Александар Вучиќ најави дека одлуката ќе стапи на сила веднаш, пренесуваат српските медиуми.

„Одлуката не ја донесовме лесно, затоа што таа се носи во исклучителни околности. Србија денес е во војна против невидливиот злобен противник што нашата земја мора да го победи“, изјави Вучиќ.

„Тоа е борба за нашите родители, но и за иднината на Србија“, додаде тој.

Вучиќ рече дека лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови.

„Нема да страдаат нашите деца, туку нашите родители и затоа Ве молам да не излегувате од дома“, рече тој.

„Се затвора животот за да го зачуваме животот“, посочи Вучиќ.

На српските граѓани нема да им биде забранет влез во земјата, а на странците ќе им биде забранет.

Оние што доаѓаат во Србија ќе треба да останат во карантин 14 дена, додека оние што доаѓаат од ризични земји ќе треба да останат во изолација 28 дена.

Вучиќ најави дека за прекршувањето на овие мерки затворската казна е три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Многу разводи ќе има со изолацијава„: Твитер реакции за корона вирусот

И во Словачка е прогласена вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот, изјави синоќа словачкиот премиер, Петер Пелегрини, пренесува МИА.

Владата во Братислава наложи од денеска затворање на сите продавници, освен оние за храна, аптеките, банките, бензиските станици и поштите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Фитнес инструктор во Шпанија со вежби на кров ги „одржува“ Шпанците во карантин во топ форма

Пелегрини истакна дека најверојатно фабриката на Фолксваген, кај Братислава, ќе го прекине производството на автомобилски делови денеска или во следните денови.

Во Словачка според последните податоци се регистрирани 61 случај на заразени лица со коронавирус.

еМагазин/МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворени седум локали во Скопје кои не ги почитувале мерките на Владата против коронавирусот

Во Италија за 24 часа починаа дури 368 лица од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР со честитка за Илинден: „Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност“

Редакција

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор поради помагање во убиството на Пино

Редакција

Артан Груби останува шеф на кабинетот на Али Ахмети: ДУИ избра 16 секретари на секретаријати

Редакција