еМагазин
Image default
Локално

Србин се повредил по пад од седум метри во Кочани

На 04.04.2019 во 09.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека истиот ден околу 08.00 часот во болницата во Кочани со повреди бил донесен Д.М.(31) од Република Србија, информира МВР.

Според пријавеното, тој се повредил при пад од околу седум метри висина, додека изведувал градежни работи на објект во Кочани, како вработен во фирма од Република Србија.

По укажаната помош тој бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани во присуство на инспектор за безбедност и здравје при работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млада девојка силувана кај „Спомен Костурницата“ во Велес

Редакција

Хаос при грабеж на обложувалница: Бегајќи пукале и удриле во возило

Редакција

Дебарчанец пријавил измама од 80.000 евра

Редакција