еМагазин
Image default
Македонија

Средба Пендаровски – Ахмети: Сите политички фактори да се насочат кон помирување за стретешките цели

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети укажал на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија, информираат од неговиот Кабинет.

Двајцата соговорници, размениле мислења за актуелните случувања во земјава.

На средбата претседателот Пендаровски порачал дека Република Северна Македонија е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО.

Тоа, според Пендаровски, е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, како што посочил тој, потребно е сите политички фактори во Република Северна Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата.

На средбата Ахмети упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посакал успех во работата.

Фото: Фејбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ја одбила Украина за донација на нова воена опрема

Редакција

Денеска на Канал 5 дуел Заев-Мицкоски

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваaт 350

Редакција