еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Средношколците од „Лазар Танев“ од дома може да следат часови онлјан

Средното училиште „Лазар Танев“ изработи платформа на која средношколците од дома може да пристапат и да следат часови онлајн. Директорката Слаѓана Трпковска Салтирова вели дека ова може да биде пример и другите средни училишта да изработат платформи за следење на е-настава од дома.

„Најпрво сакам да се заблагодарам за можноста да споделиме информација за сите ученици, а воедно и да ги мотивираме и останатите училишта да пристапат кон ваквиот начин на е-настава.

На веб страната на нашето училиште СУГС Лазар Танев е поставена платформа е-настава каде предметните наставници ќе споделуваат материјали во електронска форма преку нивните службени е-маил адреси за сите наставни години, кои се изработуваат според наставната програма.

Исто така може да се поставуваат и презентации, слики, како и видео конференции за on-line настава кои исто така би можеле да ги користат учениците за полесно совладување на наставните содржини.

Самостојно секој ученик може да пристапи на оваа платформа е-настава без никакво најавување.

На овој начин сакаме да влијаеме на нашите ученици, дел од времето на овој принуден „распуст” да го трошат на учење преку компјутер или телефон од дома. Воедно сакаме да апелираме да се почитуваат препораките на Владата и на Министерството за здравство, вели Трпковска Салтирова за еМагазин.мк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворена е новата поставка на изложбата „Скопје, одново” во МСУ – Скопје

Редакција

Рудникот САСА целосно опреми училници во средното училиште во Македонска Каменица

Редакција

„Телекабел“ прослави 23 години работа на македонскиот пазар

Редакција