еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Средното училиште „Лазар Танев“ нуди струки кои се дефицитарни на пазарот на труд

СУГС „Лазар Танев“ – Скопје е најголемото средно стручно училиште во нашата земја со струки занимливи и креативни за секој иден средношколец.

Училиштето нуди образовни струки и профили коишто продуцираат кадар со максимална професионална, стручна и модерна практична обука од угостителско-туристичката индустрија.

Преку стекнатото стручно образование Ви се отвара можноста за високо образование, можност за запишување на факултет, можност за вработување непосредно по завршувањето на средното образование и можност за започнување на свој сопствен бизнис, бидејќи струките и образовните профили што ги нуди нашето училиште се дефицитарни на пазарот на трудот.

Училиштето нуди високoобразовна настава, практична настава во модерни услови, а нив ги спроведуваме преку следниве струки:

➢ Креативноста, умешноста и уметничката визија ги остваруваме преку Угостителско-туристичка струка (тригодишно образование)

►КЕЛНЕР – Совладувањето на умешната презентација, насмевката, љубезноста, употребата на современи средства на комуникација, пречекот на гостинот со ведар лик и позитивен пристап и вештото презентирање и познавање на јадењата од Листата на јадења и Мени картата се клучот за успехот во оваа професија.

►ГОТВАЧ – Овој профил се оспособува да приготви јадења со продукти од различно потекло, ладни и топли предјадења, различни видови сосови и фондови, јадења од риба, ракови и морски плодови, воедно и интернационална и национална кујна. Магијата на зачините и состојките го комплетираат овој профил.

►СЛАТКАР – Оние коишто ќе го одберат овој профил ќе се усовршат во моделирање и изработка на торти, мињони, глазури, чоколадни пралини, а воедно развиваат и инвентивност и уметничка нишка за декорација со ројал маса, фондан и марципан. Естетската, креативната и уметничката страна на ученикот во овој профил доаѓа до целосен израз.

➢ Способноста, истрајноста и посветеноста ги остваруваме преку Хемиско-технолошка струка (тригодишно образование)

► ПЕКАР – Овој профил овозможува и Ве подготвува сами да им изнудите насмевка на лицето на луѓето со само едно подготвено парче леб. Пекарот е виртуоз во својата професија, игра со тестото создавајќи и обликувајќи го во различни форми, различни вкусови и декоративни елементи.

➢ Сестраната вештина, современата технологија и стручноста ги остваруваме преку Угостителско-туристичка струка (четиригодишно образование)

► ХОТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКИ ТЕХНИЧАР – Вештината што овој профил ја усовршува е грижата за пречекот и сместувањето на гостите во хотелските објекти. Услужноста и добрата организација се одлики што учениците ги стекнуваат при изучување на овој профил.

►УГОСТИТЕЛСКИ ТЕХНИЧАР – Организацијата и координацијата на работата во кујната и ресторанскиот дел се усовршува со изучување на овој профил. Овие вештини се совладуваат со цел да се задржи квалитетот на понудената услуга, бидејќи на тој начин гостинот би се вратил повторно, доколку е задоволен од услугата, а усната препорака и реклама најбрзо се пренесува.

►ТЕХНИЧАР ЗА АНИМАЦИИ И НАСТАНИ – Обуката за овој профил вклучува и го оспособува ученикот за поседување на алатки како да биде интересен, занимлив, позитивен и харизматичен лик којшто ќе ги анимира гостите-туристи, да го задржи вниманието на гостинот за време на престојот во даденото туристичко место.

„Нашите цели и професионален развој е усмерен, пред сè, на создавање и продуцирање на квалитетен кадар којшто своите вештини и квалификации ги усмерува кон повисоки цели и усовршување на професионален план.

Учеството на меѓународни натпревари и многубројните освоени награди на нашите ученици зборувааат за нашата успешност и професионалност низ изминативе години. Вашиот иден образовен избор нека биде нашето училиште, успехот и знаењето се наш примарен поттик,“ вели директорката Слаѓана Трпковска Салтирова.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Јетон Шаќири позитивен на Ковид-19

Редакција

Апел од средното музичко училиште: „Денови на македонската музика“ не смеат да згаснат

Редакција

Викендов топло, на некои места летни температури

Редакција