еМагазин
Image default
Македонија

Српска „Политика“: Груевски ги раскарува Америка и Русија

Додека официјално се тврди дека избеганиот поранешен македонски премиер Никола Груевски е во Будимпешта, во некои написи се шпекулира и дека отпатувал во Русија или во Турција, пишува денеска српскиот провладин дневен весник „Политика“, пренесува meta.mk.

Во написот се потенцира дека и Русија и Турција одржуваат дипломатски односи со Скопје, но се судираат околу прозападната политика што ја спроведува премиерот Зоран Заев.

Под наслов „Груевски ги раскарува Америка и Русија“, најстариот дневен весник во Србија пишува дека „Русија никако не го прифаќа приклучувањето на Македонија во НАТО, а Турција не се слага што Македонија потклекнала пред грчкото барање за промена на името на државата“.

„Политика“ оценува и дека на Заев ќе му бидат потребни „многу, не само политички, туку и правни докази, за на народот и на меѓународната јавност, посебно на Исток, да им објасни дека Груевски не е политичка жртва на ,црвеното американско владеење во Скопје’, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку дека избегал кога требало да оди в затвор“.

„Заев моментално е единствениот оптимист дека Груевски ќе биде вратен во Македонија. Останува отворено прашањето, ако навистина е во Русија, како Заев ќе го добие, а ако е во Будимпешта, тогаш премиерот Виктор Орбан сосема сигурно е во политички незгодна ситуација во однос на Русија, а правно и политички во однос на ЕУ“, заклучува „Политика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

Прашање за милион долари: Како и кој му помогна на Груевски да избега од Македонија

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Мета/Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 5 пациенти од Ковид-19: Бројката надмина 3.000

Редакција

Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк ја помина првата фаза

Редакција

Фетаи за Јанева: Секој што се огрешил мора да одговара

Редакција