еМагазин
Image default
Локално

Српски државјанин тешко повреден, со „Нисан“ излетал од патот Гостивар – Маврово

Ф.И. (32) од Србија е тешко повреден откако ноќеска, управувајќи патничко моторно возило „Нисан“, излетал од регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–Ново Село, соопшти полицијата.

Несреќата е пријавена во 01:20 часот по што Ф.И. со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар – Гостивар, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков ќе биде возниот ред на ЈСП за време на полицискиот час

Редакција

Во Битола украдено возило на грчки државјанин

Редакција

Едно лице изгоре во пожар во кочанското село Грдовци

Редакција