еМагазин
Image default
Балкан

Српскиот стилист и диџеј Срѓан Швељо уапсен за педофилија

Српскиот стилист и диџеј Срѓан Швељо е уапсен под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица, пишува српски „Блиц“.

Стилистот е уапсен откако малолетните жртви го пријавиле во полиција за злоупотреба.

„Момчињата во полиција раскажале дека кај Швељо доаѓале како модели. Тој ги соблекувал, облекувал и ги фотографирал“, изјави за „Блиц“ извор од истрагата.

Неодамна, Игор Јуриќ, таткото на Тијана Јуриќ која беше киднапирана и убиена пред неколку години основа фондација со нејзиното име, обелодени дека влијателни луѓе од повеќе градови злоупотребувале деца.

Фото: Фејсбук-профил на Швељо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на грчкиот парламент: Ратификациите на меѓународните договори со Северна Македонија не се итни  

Редакција

Новинарот на „Билд“ кој ги објави „бомбите“ за Еди Рама, вели дека тоа што е објавено е многу малку

Редакција

„Преспа форум“: Милановиќ, Бегај и Милатовиќ за брза евроинтеграција на Западен Балкан

Редакција