еМагазин
Image default
Локално

ССК: Не ја повлекуваме иницијативата за уставноста на мораториумот за градба во Центар

Управниот одбор на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија едногласно одлучи да не ја повлекува поднесената иницијатива за оценување на уставноста на мораториумот за градење во општина Центар заради тоа што мораториумот не е во согласност со закон и Устав, изјави денеска Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора, во коментар на неодамнешната одлука на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за градба во Центар.

Иницијативата до Уставен суд, појасни, е резултат на тоа што во изминатите 15 месеци не успеавме да оствариме соработка со општина Центар со цел да ги доставиме нашите аргументи дека ниту во Законот за просторно урбанистичко планирање, ниту во Уставот, не постои терминологија мораториум и запирање.

„Секој закон престанува да важи со носење на нов закон, секој закон може да се измени и дополни во Собрание. Тоа што значи генерален урбанистички план е устав во секторот, а тоа што значи детален урбанистички план е закон во градежништвото“, рече Јаќимовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Уставниот суд одлучи времено да го укине мораториумот за градба во Центар до носење на конечната одлука за неговата уставност, на иницијатива на Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Со мораториумот воведен на крајот на 2017 година беа запрени постапките за издавање одобренија за градење во урбанистичко-планските документации од деталните урбанистички планови.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба

Твитер го „подбра“ Уставниот суд: „Ќе се гради до даска! Профитот пред се!„

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен фалсификатор на пари

Редакција

Во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперчиња

Редакција

Почина мотоциклист во сообраќајка во скопско

Редакција