еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ССК открива уште еден пријавен случај на рекет

Уште еден бизнисмен, член на Сојузот на стопанските комори на Македонија пријавил дека бил подложен на рекет, а претседателката на ССК, Данела Арсовска бара брз разрешница на состојбата.

-Има случаи кои што се пријавени. Ние не сме орган за истражување, ниту некој кој треба да ги проследува или работи, меѓутоа сме луѓе кои ги штитат нашите членови. Има повеќе од еден случај кој пријавил, дали за оваа или за друга ситуација и се ќе направиме што е во наша надлежност да ги заштитиме членовите и да се потрудиме да не се повтори, бидејќи тоа е од интерес за сите нас, изјави Данела Арсовска, претседателска на ССК одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Таа истакна дека станува збор за голема компанија, не прециизирајќи за која компанија станува збор и од кој сектор доаѓа.

-Ова што го слушаме навистина е нешто што ја раздрма деловната заедница. Брза разрешница е нешто што ќе ни влее малку доверба дека она што го зборуваме во изминатата година континураино, дека без владеење на правото, заштита на сопственоста и без некој да се грижи за луѓето што инвестираат, креираат работни места во земјава не можеме ништо да направиме и да постигнеме па ниту и да се трудиме да кажеме дека оваа или која било година ќе биде економска година, истакна Арсовска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема пријавено случај на рекет или уцена кај членките на Стопанската комора на северозападна Македонија

„Катица вика дека била злоупотребена од Боки. Време е Боки да пропее„: Твитер реакции за пресот на Јанева

Ќе се сведе ли судбината на „Рекет“ на зборот на Катица Јанева против зборот на Боки 13?

Не бил изгубен: Обвинителство го обезбеди и вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Редакција

Граѓаните кои имаа студени радијатори треба да добијат пониски сметки, велат од РКЕ

Редакција

Пратеникот на СДСМ Томислав Тунтев си поднесе оставка

Редакција