еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

ССК со предлог од 10 мерки за институционално справување со загадувањето и климатските промени

Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) со иницијативата на жени во климатска акција отпочна со кампања, посветена на подигнување на свеста и преземање мерки со кои се мотивираат и ангажираат институциите и компаниите да се борат со загадувањето и климатските промени.

Загадувањето е на алармантно ниво не само на воздухот, туку и на животната средина воопшто, што се одразува негативно и со долгорочни последици за сите кои живеат и работат во Македонија, велат од ССК.

„Членовите на Сојузот, директно придонесуваат за справување со загадувањето и климатските промени, но потребно е акцијата да биде масовна. Затоа ги повикуваме сите да се придружат во акцијата која е едноставна, но ефективна.

Секој треба да оцени колку од овие активности ги спроведува во својата институција или компанија, помагајќи да стане поодржлива, а во исто време и помагате на државата и светот во акцијата против климатските промени,“ изјави Даниела Арсовска, претседателката на ССК.

Компаниите членови на Сојузот активно ги превземаат следните 10 чекори кои се повик за делување на сите институции, организации и компании:

– Застапување на барања за акција за справување со загадувањето и климатските промени пред институциите на локално и национално ниво.

– Подигнување на свеста кај своите вработени, партнери, добавувачи, потрошувачи, медиумите и други засегнати страни.

– Избираат добавувачи кои применуваат добри практики за заштита на животната средина.

– Промовирање на еколошки начин на работа, без употреба на хартија, преку користење на дигитални алатки со што се намалуваат трошоците и употребата на вишок материјали.

– Превземаат мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови.

– Делуваат кон намалување на потрошувачката на енергија на работното место.

– Одбираат обновливи извори на енергија за своите потреби и проекти.

– Делуваат кон намалување на производството на отпад, рециклираат, вршат поправка наместо замена за нови предмети на работното место.

– Поттикнуваат користење јавен и алтернативен транспорт.

– Одбираат зелена инфраструктура и опрема според најновите еколошки стандарди, опрема која е ефикасна енергетски и одржлива.

Македонија веќе со денови не се спушта од листата на држави кои се најзагадени  во светот. Деновиве е меѓу првите 10 земји според светската страница за мерење на  квалитетот на воздухот „АирВизуал“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова верзија на познатата македонска апликација „МојВоздух“

Редакција

Зголемено загадување во Битола, намалено во Кичево и Гостивар

Редакција

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината, кога ќе се анализира почвата не се знае

Редакција