еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Становите во Карпош, Центар и Струга со убедливо највисоки „кирии“

Во третото тримесечје од 2019 година најголем број закупи се регистрирани на недвижнини во општина Центар 237, во општина Карпош 122, општина Аеродром 110 и општина Битола 81, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини, каде во овој период се запишани 1.505 закупи.

Податоците откриваат дека највисоки „кирии“ по квадрат станбен простор се плаќаат во Карпош (294 денари), Центар (273 денари) и Струга (258 денари).

Во овој период се закупени недвижности со површина од 1.436.137 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 37.075.672 денари.

Најголем број од овие закупи припаѓаат на деловни простори и тоа 39%, односно 585 трансакции, станови со 33%, односно 499 трансакции, куќи со 13% од пазарот на закупи на недвижностите, односно 193 трансакции на ваков тип недвижност.

Земјоделското земјиште учествуваат на пазарот со 9% закупи, градежното земјиште со 4% закупи, а додека индустријата и останатите недвижности со по 1% од вкупниот пазар на закупи на недвижности.

„Доколку се направи компарација на овој квартал со вториот квартал од 2019 година каде што биле регистрирани 1.446 закуп, ќе се забележи дека во овој квартал имаме зголемување на бројот на закупи за 59 трансакции“, се вели во извештајот.

Во третото тримесечје од минатата година во општините Старо Нагоричане, Студеничани, Желино, Зелениково, Росоман, Македонска Каменица, Лозово, Новаци и Центар Жупа нема регистрирано ниеден договор за закуп на недвижности.

Исто така има 13 општини каде што има регистрирано само по 1 закуп, како и 8 општини со по 2 закупи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Под хипотека 132.527 станови во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Македонија и името си го смени, па не ја примија во ЕУ, а им ветуваа кули и градови

Редакција

(Видео) Далмација отсечена поради снежно невреме, се извлекуваат заглавени, отворени прифатни центри

Редакција

Ковачевски: Настава мора да се организира и за време на штрајк, апелирам на дијалог за да изнајдеме решение

Редакција