еМагазин
Image default
Бизнис

Сите детали: Стартува аплицирањето за субвенциониран станбен кредит по камата од 2,9 отсто

Граѓаните отсега можат да аплицираат за новите и подобрени услови за субвенциониран станбен кредит.

Со објава на законските измени во Службен весник стапуваат во сила пониски каматни стапки од 2,9 проценти, но и други поволности како дополнителна едногодишна субвенција од 30 проценти за родено или посвоено дете, информираат од Министерството за финансии.

Каматните стапки за првиот модел, во кој државата субвенционира дел од месечната рата, се намалуваат од 3,95 на 2,9 отсто за првите три години.

За четвртата и петата година каматите се намалуваат од 4,44 проценти на 3,9.

На пример, за кредит од 50.000 евра, само по основ на камати граѓаните ќе заштедат 1.300 евра.

Со измените се намалува и каматната стапка за моделот „учество“, се посочува во соопштението.

Имено, наместо досегашната стапка од 4,5 отсто + 6-месечен Еурибор, со измените каматата е 4 отсто + 6-месечен Еурибор. Оваа камата, се подвлекува, важи за цело времетраење на исплата на кредитот.

Едногодишна субвенција на месечната рата (главнина и камата) во висина од 30 отсто има за секое родено или посвоено дете за корисниците на кредитите кои ќе го зголемат семејството во рок од 10 години од добивање на кредит преку проектот.

Се предлагаат и нови модели на субвенционирање кои ќе обезбедат подобри услови, особено за младите. Кај моделот за купување на стан за млади, наместо 50 проценти субвенција, отсега државата ќе субвенционира 70 проценти месечна рата (главнина и камата) во првите пет години или 70 отсто од учеството. Со ова ќе се обезбедат повисоки субвенции за околу 2.500 евра во однос на порано, информираат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ аеродроми најавува: Грчки Aegean ќе воведе нова авиолинија Скопје-Сараево од октомври

Редакција

Се помалку говеда, овци, свињи и кокошки во Македонија

Редакција

Банките како лихвари: Просечна камата за кредитите 5,6 отсто, а за штедните влогови 1,5 отсто

Редакција