еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стечај за гигантот од месната индустрија: Се продава вреден имот на „Мега“

На аукција закажана за 23 септември на продажба без почетна цена ќе се понуди имотот на „Мега“, компанија која некогаш важеше за еден од најголемите преработувачи на месо во државата, а сега е во стечај.

На продажба се нуди огромен имот на „Мега“ во Трубарево кој опфаќа управна зграда, производствен погон, пушници, магацини, машински оддел, платформа за утовар и истовар и други елемнти кои се простираат на повеќе илјади квадрати.

Проценетата вредност нна имотот е  403.695.406 денари или околу 6,5 милиони евра.

„Право на учество во продажбата имаат учесниците кои ќе уплатат депозит од 10 % од проценетата вредност на имотот стечајна маса на должникот или донесат банкарска гаранција за учество во е-аукција најдоцна до 19.09.2019 година кај стечајниот управник“, пишува во огласот.

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа со зголемена добивка во првите три месеци

Редакција

Нови 491 случаи на Ковид-19, во Скопје 232

Редакција

Сексуалните работнички маршираа против насилството и дискриминацијата и повторно побараа декриминализација на нивната работа

Редакција