еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стечај за некогашниот гигант: На распродажба продавници, фарма и друг вреден имот на „Жито Вардар“

На јавно наддавање кое ќе се одржи на 23 септември годинава без почетна цена ќе се понудат на продажба продавници, куќи, живинарска фарма, стопански и други објекти во сопственост на „Жито Вардар“, компанија која е во стечај.

Право на учество во електронската продажба (е-аукција) имаат само учесниците кои најдоцна до 20.09.2019 година ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценета вредност на имотот поединечно за секој пакет.

Разгледување на  имотот и увид на истиот може да се изврши секој работен ден од 10,00 до 14,00 часот со претходна најава, или да добијат информации на телефони 070/221-156 и 075/423-320 или преку e-mail: [email protected].

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на горива „тежок“ 400.000 евра

Редакција

Добивката на „Витаминка“ намалена за 46%

Редакција

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Редакција