еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката од СЈО, Стефанова не знаела за снимката, подготвена е да соработува со Обвинителството за „Рекет“

Обвинителката Лиле Стефанова која ја водеше истрагата за предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),  во која осомничен е бизнисменот Јордан Камчев, денеска изјави дека очекува Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај „Рекет“ и оти таа ќе соработува и ќе ги сподели сите работи што ги знае.

Стефанова за МИА рече дека не знаела за снимката што ја објави весникот „Ла Верита“ и оти денеска првпат ја видела.

– Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку сум и згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, рече Стефанова.

Според обвинителката, истрагата за „Империја“ е поставена на здрави нозе, но оти со месеци е закочена поради начелното мислење кое го донесе Врховниот суд.

Стефанова не сакаше да го коментира соопштението на СЈО, во кое се наведува дека со снимката поврзана со случајот „Рекет“ која што ја пренесоа повеќе медиуми, „недвосмислено се потврдува дека нема конекција помеѓу изреченото на снимката и предлозите кои што се носени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и одлуките на судовите“, велејќи дека не го видела.

МИА/Фото: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јовески: Снимката во „Ла Верита“ не е излезена од Обвинителството

СЈО се огласи по „италијанската“ снимка за „Рекет“: „Потврда дека сме чисти“

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Италијански весник објави видео како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР се огради од скандалозното видео на Џамбаски и го оцени како несоодветно

Редакција

Отворањето на македонскиот клуб во Благоевград е одлична можност за обединување со државниот врв, вели Мицкоски

Редакција

Филипче: Сакам да им се заблагодарам на медиумите за коректниот однос во изминатиот период

Редакција