На 26. ноември во просториите на Cité Internationale des Arts во Париз, Франција, се отвори изложбата „Steps Into Time: The Rhythm Within“ на македонската уметничка Марина Убавкова.
На изложбата присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Франција, професор д-р Игор Николов, кој заедно со својот тим ја подржа уметницата.

Изложбата беше посетена од бројна и разнолика публика и ќе трае до 26. декември.

Убавкова е архитект и визуелен уметник од Македонија, со магистерски студии по архитектура и ликовна уметност и богато искуство во архитектонскиот дизајн, визуелните уметности и академската работа.
Во моментов таа престојува во Париз на двомесечна резиденција во Cité Internationale des Arts, која трае до 26. декември 2025 година.
Нејзината резиденција е поддржана од Министерството за култура на Македонија, како и од големата европска програма „Culture and Creativity for the Western Balkan Countries“, финансирана од Европската унија и имплементирана од UNESCO, British Council и Италијанската агенција за развојна соработка (AICS).
Оваа престижна програм има за цел да ги зајакне културните и креативните сектори на Западен Балкан преку грантови, менторства, програми за развој на капацитети и регионална соработка.













