еМагазин
Image default
Свет

Столтенберг: Русија ја обновува старата моќ и вложува во разузнавачките служби

НАТО нема намера да отстапи пред Русија, туку ќе остане на цврстиот, но праведен однос кон Москва во врска со приемот во членство на поранешните советски републики, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„За нас не е противречно да се биде цврст во пристапот кон Русија, како што сме, но во исто време и да бараме дијалог“, изјави синоќа Столтенберг во обраќање пред присутните во конзервативната фондација „Херитиџ“ во Вашингтон.

Првиот човек на Алијансата истакна дека НАТО не сака конфронтација, но вината за лошите односи меѓу Северноатлантскиот пакт и Русија и ја припиша на Москва и нејзината „подготвеност за употреба на сила против соседите“.

„Гледаме една Русија која ја обновува старата моќ, која вложува во различни капацитети и во разузнавачките служби“, истакна Столтенберг, додавајќи дека токму ваквиот пристап на Москва ги натерл членките на НАТО, првпат по завршувањето на Студената војна, да ги зголемат трошоците за одбраната.

Тензиите меѓу Русија и Западот почнаа да се зголемуваат по интервенцијата на руската армија во Грузија пред 10 години, а го достигнаа својот врв со анексијата на украинскиот полуостров Крим од страна на Москва во 2014 година.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ и Јапонија со проектот „Азиска поврзаност“ контра новиот Пат на свилата на Кина

Редакција

Папата Франциск: Светот е на пат кон самоуништување

Редакција

Разногласие во НАТО: Пленковиќ го демантира Столтенберг, тврди дека дронот кој падна во Загреб бил вооружен

Редакција