еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Стопанска банка а.д. Битола слави 70 години, верна и посветена на бизнисот и граѓаните

Стопанска банка а.д. Битола годинава прославува 70 години постоење, период во кој се докажа како верен поддржувач на работењето на бизнис заедницата и на граѓаните. Вчера, Банката го одбележа својот роденден во седиштето во Битола.

Во Скопје, каде банката продолжи да го развива своето работење и својот раст во успешна македонска банка, која ги следи трендовите во современото банкарство, прославата е закажана за следната недела.

Довербата која Стопанска банка а.д. Битола ја ужива кај своите клиенти е само потврда повеќе за квалитетот на услугите и иновативноста на производите, кои корисниците лесно ги препознаа.

– Ова е свечен момент за сите вработени и клиенти на Стопанска банка а.д. Битола – 70 години постоење, раст и развој. Тука не застануваме. Веќе размислуваме за иновации и напредок во следните децении. Нашата визија е секој граѓанин и компанија на едноставен начин да ужива во поволностите кое ги носи модерното банкарство. Атрактивните производи, особено за младите, финансиската поддршка за издржани и просперитетни бизнис проекти и целокупната палета на производи што ги нудиме се резултат на трудот што секој вработен го оставил зад себе. Особено сме среќни и благодарни на довербата што нашите клиенти ни ја даваат. Тоа е силна мотивација и должност за уште поголема посветеност – вели претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, д-р Владимир Ефтимоски.

Врската која банката веќе 70 години ја гради со своите клиенти, особено е зацврстена откако Стопанска Банка а.д. Битола почна да се трансформира во современа и динамична банка, која вложува во квалитетот на производот, брзината на услугата и во развојот на вработените. Карактеристики кои ѝ овозможија да се докаже како една од најуспешните средни банки во Македонија, но и еден од најпосакуваните работодавачи во секторот. Стопанска банка а.д. Битола своето богато портфолио на услуги и финансиски производи го нуди во над 20 филијали низ Македонија.

Во пресрет на јубилејната 2018 година, Стопанска банка а.д. Битола по трет пат ги доби и наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година. Наградата ја доделува финансискиот магазин „Global Banking & Finance“, а ова признание за посветеноста на банката кон своите клиенти е само дел од низата што Банката ги има како потврда на стабилноста и професионалноста.

– Ја користам оваа прилика да изразам голема благодарност до Управниот одбор и до целиот менаџерски тим на Банката за нивниот непроценлив придонес. Нашата примарна цел е да бидеме успешни во работењето и постојано да го унапредуваме и надградуваме делувањето во сите сегменти, како што се односите со клиентите, понудата на производи и услуги, односот кон заедницата. Во ниту еден случај не треба да се заборават и инвестициите во вработените – дополнува претседателот на Управниот одбор на Банката, Ефтимоски.

Стопанска банка а.д. Битола ќе го одбележи овој голем јубилеј и со доделување годишни стипендии за тројца ученици од државното музичко училиште во Битола, со што ја потврдува својата, веќе докажана, општествена одговорност и преку поддршка за значајни културни вредности и млади таленти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар вработува осум лица, плата до 28.303 денари

Никола Осило

Јанакиески се враќа во Шутка, притвор и за Ристоски, Вељаноски има пратенички имунитет

Редакција

(Галерија) Кој присуствуваше на приемот на Американската амбасада по повод Денот на независноста

Редакција