еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка АД Скопје овозможи одложување на отплатите на кредити до шест месеци

Шест месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29 февруари годинава по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30 септември годинава е понудата од Стопанска банка АД Скопје за физичките лица.

За корпоративните клиенти, погодени од кризата, банката соопшти дека воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби.

„Во услови на пандемија од невидени размери, како системска банка, Стопанска банка АД – Скопје им пристапува на своите клиенти правни и физички лица, а со тоа и на севкупната економија, со понуда која помага да се надминат финансиските ефекти од корона-кризата.

Понудата е валидна за физички лица кои одржуваат постојани деловни односи со банката“, објави Стопанска банка АД Скопје.

Оттаму ги повикуваат сите клиенти детално да ја проучат понудата објавена на нивната веб страница и да постапат согласно дадените насоки. Клиентите кои ја прифаќаат понудата не треба се обратат до Банката, а доколку клиентите не сакаат да ја прифатат понудата потребно е да се обратат до Банката најдоцна до 10.04.2020 година до 23:59 часот преку [email protected].

Oвие мерки, потенцираат од Стопанска банка АД Скопје, се од големо значење и се однесуваат на клиентите кои најсилно ги чувствуваат ефектите од кризата. Оттука, банката апелира клиентите кои ќе продолжат да бидат во можност да ги отплаќаат своите месечни обврски, така и да постапат.

„Со тоа всушност помагаат, економските мерки од сите банки и од државата да имаат ефект за погодените субјекти, и дотолку повеќе, помагаат за побрзо опоравување на економијата по кризата“, пишува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка подготвува мерки за олеснување на отплатата на кредитите кај физичките и правните лица

Сите детали: Шест месеци одложување на наплатата на кредитните обврски од Халкбанк

Комерцијална банка овозможи 6 месеци грејс период за корисниците на кредити, кредитни картички и за дозволено пречекорување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водовод Битола“ купи товарно возило од „Аутомобиле СК“ за 37.000 евра

Редакција

Чаир и Бутел ќе имаат парно, Скопје Север обезбеди пари за гас за следните 10 дена

Редакција

Трговците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата

Редакција