еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје почна со банкоосигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф

Во годината која Стопанска банка АД – Скопје го одбележува својот 75 годишен јубилеј започна банкоосигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф.

Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето Банката на пазарот понуди најголема продажна мрежа на осигурителни производи, со што осигурувањето станува подостапно за секого.

Осигурувањето е дел од финансискиот систем на државата и претставува комплементарна дејност на банкарското работење, насекаде во светот. Улогата на Стопанска банка примарно е да обезбеди едукација на клиентите за предностите на осигурувањето и за додадената вредност што ја добиваат преку користењето на банкарски производи со вклучено осигурување, велат од Банката.

„Со реализација на повеќе од 5.000 полиси преку Банката во делот на животното и неживотното осигурување и позитивни реакции од клиентите, посебна популарност добиваат следните производи:

Бесплатното годишно патничко осигурување кое го добиваат сите нови и постојни корисници на Visa/MasterCard кредитните картичките на Стопанска банка кое се активира преку филијала или Контакт центар

Кредитите со вклучено животно осигурување (потрошувачки, станбени, хипотекарни) со преференцијални услови и

Кредитите со вклучено осигурување од незгода и годишен ваучер од 400/600 денари кој клиентите ќе го користат за друга осигурителна полиса набавена од Банката“, велат од Банката.

Покрај понудата на банкарски производи со вклучено осигурување, клиентите ќе можат да ги добијат и сите други видови на осигурување како: имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгода и слично.

Генерален и извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, Диомидис Николетопулос, изјави дека осигурувањето во глобални рамки е веќе нераздвојно од класичните банкарски производи, а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи.

„Имено, сигурноста која клиентите ја добиваат со животното или осигурувањето од незгода е во поддршка на реализација на нивните планови а Банката го поддржува направениот избор со дополнителни поволности. Ни претставува задоволство што клиентите веќе ја препознаваат новата понуда на производите со вклучено осигурување, што е мотив повеќе за нас да продолжиме со понатамошен развој“, додаде Николетопулос

Генерален извршен директор на Кроација Осигурување/Неживот, Гоце Вангеловски изјави дека поврзувањето на различните финансиски производи е веќе добро етаблиран тренд на пазарите во светот.

„Имајќи предвид дека осигурителните и банкарските производи тесно се надополнуваат, во интерес на корисницте направивме соработка со Стопанска банка АД – Скопје, преку која на едно место добиваат многу повеќе. Овој модел oсвен што штеди време, нуди и поголема вредност за корисниците. Имајќи ги во предви модерните навики на пазарот сметаме дека ваквиот тип на услуги ќе биде одлично прифатен и ќе ги пресретне очекувањата на корисниците. Истовремено креираме и еден нов тренд на финансискиот пазар кој ќе придонесе за дополнителен развој на услугите во интерес на корисниците“, додаде Вангеловски.

Генерален извршен директор на УНИКА Лајф Александра, Шкемби Антовска, изјави дека претставува задоволство можноста за стратешкото партнерство со Стопанска банка во понудата на Животно Осигурување под исклучително поволни услови, достапно преку 65-те филијали на Банката, насекаде во државата.

„Припадноста на една од водечките осигурителни групации од Австрија, UNIQA Group и партнерството со Стопанска банка се идеална комбинација која ќе ни овозможи да реализираме значаен развој на Животното Осигурување во Македонија“, додаде Шкемби Антовска.

Корисни линкови:

www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje

www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/kreditno-zhivotno-osiguruvanje-riziko

www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/patnicko-osiguruvanje

www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/imotno-osiguruvanje

www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/avtoodgovornost-i-zelen-karton

www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/kasko

www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/osiguruvanje-od-nezgoda-nesrekjen-slucaj

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енергоинвест трејд“ го доби тендерот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на шест базени вреден 3,2 милиони евра

Редакција

Попис 2021: Околу 80% од невработените во Македонија се со основно или средно образование

Редакција

Македонски текстилини компании се преставија на саем за облека во Минхен

Редакција