еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Битола ја зголеми добивката

Во периодот 1.1. – 30.9.2018 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно бруто-добивка во износ од 61,52 милиони денари, што е значително подобрување во однос на минатогодишниот деветмесечен резултат, кога добивката изнесуваше 40,27 милиони денари, соопшти банката преку Македонската берза.

„Тековното остварување е одраз на интензивните активности за контрола на трошоците и ефикасност во работењето, како и раст на нето-приходите од редовното работење. Оперативниот резултат пред исправка на вредност и загуби за оштетување изнесува112,68 милиони денари, што претставува зголемување од 83,69% во однос на истиот период од минатата година“, информираат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бахамите меѓу петте најголеми странски инвеститори во Македонија

Редакција

Македонски Телеком лани ја зголеми нето добивката за 2,5%

Редакција

Општина Прилеп вработува осум лица, плата до 29.670 денари

Редакција