еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Битола ја зголеми добивката

Во првата половина од годинава Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно бруто-добивка во износ од 44,77 милиони денари, што е значително подобрување во однос на минатогодишниот шестмесечен резултат, соопшти банката преку Македонската берза.

„Тековното остварување главно е резултат на повисоки нето-приходи од редовното работење и ефикасно управување и контрола на трошоците, што придонесе за неутрализација на ефектот од зголемената исправка на вредност и загуба за оштетување. Нето-приходите од камати се повисоки за 18,38%, односно 27,11 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година“, соопшти банката.

На страната на приходите од камати остварен e годишен раст од 5,31%, кој раст главно е генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинствa, а во согласност со напорите за дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Следствено на повеќекратните намалувања на пасивните каматни стапки паралелно со пазарните движења, расходите за камати бележат годишно намалување од 19,38%.

Планот на нето-приходи од камати за анализираниот период е остварен со 108,16%. Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 11,38 милиони денари, што претставува годишен раст од 23,86%, при што приходите од провизии се зголемени за 13,63%, одразувајќи го зголемениот обем на активности, главно во делот на платен промет, додека на страната на расходите е евидентирано намалување од 7,71%.

Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 109,19%. Нето-курсните разлики бележат благо зголемување од 6,19%, односно 0,68 милион денари споредено со првата половина од минатата година, додека планот е остварен со 89,66%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ го доби тендерот на општина Штип за набавка на телекомуникациски услуги вреден 209.000 евра

Редакција

Во ноември 89% од потрошената струја е од домашни извори

Редакција

Запленета роба на Кванташки пазар, донирана е во неколку институции

Редакција