еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Битола за шест месеци оствари добивка од 3,37 милиони денари

Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за периодот 1.1. – 30.6.2019 година, односно добивка во износ од 3,37 милиони денари, соопшти банката преку Македонската берза.

„Добивката од работењето пред исправка на вредност на финансиските и нефинансиските средства која е показател за оперативното работење на Банката изнесува 48,53 милиони денари. Нето-приходите од камати за периодот 1.1. – 30.6.2019 година изнесуваат 152,02 милиони денари, што претставува остварување на планот за првиот квартал со 96,14%.

Засилените активности за наплата на кредитното портфолио, воведувањето конкурентни депозитни производи, а со тоа и зголемениот обем на депозити доведоа до намалување на нето-каматниот приход, кој е понизок за 12,91% во однос на остварувањето за истиот период од минатата година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци заклучно со вториот квартал од 2019 година изнесуваат 52,19 милиони денари и се пониски за 11,67% во однос на остварувањето од истиот период од минатата година. Планот на нето-приходи од провизии и надоместоци за анализираниот период е остварен со 101,13%“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка даде согласност Зечевиќ, Камбовски и Велјановски да станат членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Илија Тозија од лични причини не сака да биде член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Кој е Миле Зечевиќ, кој влезе во НО на Стопанска банка Битола и го советува Заев

„Пелистерка“ предложи соработник на Заев за член на Надзорен одбор на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турската компанија „Калтун енерџи“ ќе гради ветерници кај Миравци

Редакција

Лидија Трајковиќ избрана за претседател на Одборот на директори на Макошпед

Редакција

Пелистерка со зголемена добивка во првото полугодие

Редакција