еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје од камати и провизии лани „инкасирала“ 71 милиони евра

Стопанска банка АД Скопје во текот на минатата година остварила нето приходи од камати во износ од 3.611.054.000 денари или околу 58 милиони евра, што е намалување од 5,6% во однос на истиот показател од 2018 година, соопшти банката преку Македонската берза.

При тоа приходите од камати забележале намалување од 6,7%, додека расходите од камата забележале намалување од 12,7%.

Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 825.790.000 денари (13 милиони евра) и се повисоки за 11,2% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од услугите.

Математиката покажува дека банката од камати и провизии лани остварила приходи од 71 милиони евра.

„Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 91.300.000 денари и се намалени за 13,2% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалувањето на маргините.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 6,1%, додека останатите расходи од дејноста забележаа благо зголемување за 1,5%. Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 850.367.000 денари што претставува намалување од 2,2% во однос на 2018 година.

Во анализираниот период СБ покажа исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 763.510.000 денари.

Како резултат на подажба на превземени средства врз основа на ненаплатени побарувања СБ покажа ослободување на исправка на вредноста во износ од 101.477.000 денари во позицијата загубата поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Скопје лани оствари добивка од 38,5 милиони евра

Акционери ја тужат Стопанска банка Скопје, бараат крај за „статусните игри“ и отштета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12. Советување на МАКО СИГРЕ –  Успешно справување со предизвиците во енергетиката преку зајакната соработка и поголемо вклучување на младите

Редакција

Македонски Телеком ќе и изнајмува простор на ОТА за 5.000 евра месечно

Редакција

„Тетра“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на цевки за РЕК Битола вреден 131.000 евра

Редакција