еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 17 милиони евра за шест месеци

Во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка од 1.054.339.000 денари или околу 17 милиони евра, што е намалување споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога Стопанска банка АД Скопје склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат“, информираат од банката.

Оттаму додаваат дека нето приходите од камати изнесуваат 1.819.754.000 денари, односно се намалени за 4,3% во однос на истиот показател од 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 5,2%, додека расходите од камата забележаа намалување од 10,2%.

„Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 537.114.000 денари и се
повисоки за 7,8% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од услугите.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 42.909.000 денари и се намалени за 29,4% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалувањето на маргините.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 15,1%, додека останатите расходи од дејноста забележаа зголемување за 11,4%. Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 420.073 илјади денари“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 8,7 милиони евра за три месеци

За надоместоци на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје лани исплатени 32,5 милиони денари

Маринис Стратопулос предложен за нов член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОРМ: Уредбите од новите економски мерки да бидат усогласени со бизнисот

Редакција

Попис 2021: 20% од активното население работи во преработувачка индустрија, 17% во трговија

Редакција

Перински: Арсовска бараше промена на членовите на евалуационата комисија за изградба на пречистителната станица, ЕИБ не дозволи

Редакција