еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанствениците и порачаа на Владата да штеди на администрацијата, наместо да воведува нови даноци

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, во проширен состав, со потпретседателите на Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 6.11.2018 година, на којашто присуствуваше и Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, ги усвои следните заклучоци кои Ви ги пренесуваме во целост:

1. Стопанската комора на Македонија, како најстара, најбројна и најзначајна бизнис асоцијација во земјата, која претставува повеќе од 15.000 компании-членки, смета дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот на Република Македонија во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги е прво да се искористат сите расположливи можности за рационализација на расходите, а пред сé рационализација на процесите на државната администрација, пред да се пристапи кон воведување поголеми обврски за субјектите во системот и поголемо даночно зафаќање, особено ако се има предвид континуираниот тренд на раст на сите даночни приходи во буџетот во периодот 2005-2017 година.

2. Искуствата покажуваат дека системски промени од ваков вид треба да бидат најавени и усвоени многу претходно во текот на календарската година, во партнерски однос, преку усогласување со најзначајниот партнер од деловниот сектор, како би можеле субјектите навремено да го усогласат своето работење.

Во конкретниот случај, предложената даночна реформа е презентирана на почетокот на месец ноември, на помалку од 60 дена до започнувањето на новата фискална и даночна година, во време кога голем број од деловните субјекти веќе ги имаат утврдено финансиските планови за следната година, што има сериозни импликации врз предвидливоста и стабилноста на деловното опкружување.

3. Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија смета дека најдобриот начин за усогласување на ставовите по однос на ова прашање е Барањето доставено до Владата на Република Македонија во септември 2018 година, во рамките на Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, кој се спроведува со поддршка на американската агенција за меѓународен развој УСАИД.

Во поднесеното Барање, четирите комори во државата заеднички побараа одложување на реформата за воведување прогресивно оданочување. При тоа, посочениот период треба да биде искористен за спроведување на широки консултации со сите засегнати страни, вклучувајќи ја и бизнис заедницата, во насока на согледување не само каков ќе биде планираниот ефект врз приходната страна на буџетот, туку и какви ќе бидат ефектите врз севкупното деловно опкружување и продуктивноста на македонската економија.

4. Стопанската комора на Македонија никогаш, па ниту сега не е против вложувањата во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем. Напротив, секогаш силно ги поддржува ваквите активности и е социјален партнер во нив. Сепак, мислиме дека предложените мерки подобро би се имплементирале доколку предлагачот ги земе предвид предлозите и мислењата на бизнис заедницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Господа министри, проблемот е што прогресивниот данок нема да ги „чепне“ најбогатите

Владата воведува данок на штедење во износ од 15 отсто

Прогресивен данок: Новиот закон директно ќе удри по џебот на 38.000 граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот, „Кромберг и Шуберт“ привремено запира со работа

Редакција

„Стокопромет“ ја зголеми добивката

Редакција

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Редакција