еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Стручното списание Viruses: Ковид-19 по инфекцијата може да се задржи во мозокот и повторно да „нападне“ кај лица што се сметаат за излечени

Коронавирусот по инфекцијата може да се задржи во мозокот и да иницира релапси кај пациенти кои веќе се сметаат за оздравени од Ковид-19, според нова студија објавена во стручното списание Viruses.

„Студијата е спроведена на експериментални глувци инфицирани со вирусот преку назалните патишта, кои развиле сериозни заболувања како резултат на мозочна инфекција, дури и по заминување на вирусот од белите дробови. Кај луѓето ова може да биде објаснување за случаи во кои пациенти кои по прележување Ковид-19 понекогаш развиваат релапс.

Мукеш Кумар, истражувач од Georgia State University во САД, вели дека мозокот е регија кон која вирусите имаат афинитет. Токму затоа сме сведоци за состојби и широк спектар симптоми како срцеви заболувања, мозочни удари, па и други чудни симптоми како губиток на мирис и вкус.

– Сето ова има повеќе врска со мозокот отколку со белите дробови, изјави Кумар.

Тимот кој го истражувал овој феномен утврдил дека вирусот лоциран во мозоците на глувци е на ниво од 1.000 пати повисоко отколку било кој друг дел од телото. Количината на вирус по третиот ден опаѓа во белите дробови, но останува висока во мозокот во петтиот и шестиот ден по инфекцијата, токму кога болеста завзема посериозен тек.

Според Кумар, „откако вирусот ќе го инфицира мозокот, може да афектира се останато затоа што мозокот ги контролира белите дробови, срцето и се останато. Мозокот е многу чуствителен орган. Тој е централниот процесор на сѐ“, пишува на Инстаграм-профилот на kiwi-zdravje.

Содржината на Минута здравје (@kiwi.zdravje) е од информативен карактер и не е наменета за поставување медицинска дијагноза, медицински совет или медицински третман. Секогаш побарај мислење од лекар или квалификувано здравствено лице за прашања поврзани со медицинска состојба.

Фото: Photo by Robina Weermeijer on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Барањето за регистрирација на бугарското здружение „Цар Фердинанд“ во Богданци одбиено

Редакција

Не откривме дека имало геноцид во Украина, велат од Обединетите нации

Редакција

Каков имот пријавил Антонио Јолевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција