еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Струмичани трчаа за малата Нина да замине на лекување во САД: Како и Вие да помогнете

Околу илјада струмичани на најразлична возраст денеска учествуваа во трката и донираа за седумгодишната Нина Димитриевска, која треба да замине на операција во САД за која и се потребни 65 илјади евра.

Според организаторот на трката, Здружението „Вера“ од Струмица, граѓаните уште еднаш ја покажале својата хуманост и желба да помогнат.

-Струмичани се познати по својата хуманост, а тоа го потврдија и денес. На трката, во која немаше победник, учествуваа од бебиња па до постари граѓани. Се надевам дека со собраните средства ќе и помогнеме на Нина да се излекува, рече Анче Туфекчиева од Здружението „Вера“ од Струмица.

На целта сите учесници ги дочекуваше малата Нина заедно со родителите и лично им се заблагодаруваше за помошта.

На настанот биле собрани 111.460 денари.

На Нина можете да и помогнете и Вие!

Освен на телефоните на Телеком (143 103) и на ВИП (143 469), можете да донирате и на следниве сметки:

Денарска сметка 530500021369542 Охридска банка

Денарска сметка 300037103306688 Комерцијална банка

Девизна сметка 210501724202015 НЛБ Банка

IBAN CODE MK07210501724202015

SWIFT TUTNMK22

МИА/Фото: Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР ја пронајде 14-годишната Ринеса, по која се трагаше три дена

Редакција

Мајка го оставила својот 11-годишен неподвижен син во домот, без грижа, храна и надзор

Редакција

Вкупно 4.891: Починаа уште 36 лица од Ковид-19, од нив три во домашни услови

Редакција