еМагазин
Image default
Локално

Субвенции за велосипеди, електрични тротинети, енергетски фасади и лифтови во Општина Карпош

Од понеделник, 3 февруари 2020 година, ќе стартува субвенционирањето нови велосипеди и електрични тротинети за граѓаните на Општина Карпош.

Со одлука на Советот на Општина Карпош, жителите на оваа локалната самоуправа ќе можат да аплицираат за добивање субвенции и тоа со 30 отсто од вредноста, но максимум до 3.000 денари.

Електричните тротинети ќе бидат субвенционирани исто така со 30 отсто од вредноста, но максимум до 5.000 денари. За оваа акција се предвидени вкупно 500.000 денари од буџетот на локалната самоуправа, со вклучен данок во субвенцијата.

Овие мерки се во насока на намалување на аерозагадувањето, а акцијата ќе се спроведе по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Општина Карпош информира дека со одлука на Советот се предвидува и субвенционирање на проектот „Енергетски ефикасни домови“ на станбени згради за колективно домување во Општина Карпош. Субвенцијата што ќе ја дава Општината по објект ќе изнесува 30 отсто, но не повеќе од 600.000 денари од вкупната инвестиција. Вку

пниот износ на финансиската поддршка на овој проект изнесува 3.000.000 денари.

Преку овој проект, освен промена на фасадата со енергетски нова, е предвидено и промена или поставување енергетски ефикасен покрив. Пртиоа Општината субвенционира 30 отсто, но не повеќе од 150.000 денари од поправката и санацијата на оштетена покривна конструкција.

– Условите кои станарите треба да ги исполнуваат за да аплицираат за енергетско ефикасни фасади се: станбените згради за колективно домување да бидат постари од 25 години, заедницата на сопственици да има донесено Одлука дека сопствениците на посебните делови се согласни да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за да се изработи енергетски ефикасна фасада, заедницата на сопственици да има донесено Одлука за избор на најповолна понуда за изведувач за да се изработи енергетски ефикасна фасада, како и да има донесено Одлука за избор на најповолна понуда за надзор на изведбата за да се изработи енергетски ефикасна фасада, соопшти Општина Карпош.

Советот на Општина Карпош го изгласа предлогот да се субвенционира и поправка и санација на лифтовите во зградите во Карпош и тоа со 30 отсто учество, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката или санацијата на постоечкиот лифт.

За оваа намена се предвидени еден милион денари, колку што ќе се издвои од буџетот и за покривните констукции.

Советниците дадоа согласност за аплицирање по проектот за добивање финансиски средства за замена на стари куќни водомери со нови ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Целта е со оваа активност да бидат зафатени домовите на сите граѓани во Влае 1 и делумно во Влае 2.

На денешната седница се изгласаа и Одуките за давање согласност за закуп на деловен простор во УЗ „Влае“, МЗ „Бардовци“ и УЗ „Нерези“.

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од граничен премин го спровеле директно во затвор

Редакција

(Фото) Штип за прв пат доби лизгалиште, лизгањето ќе биде бесплатно

Редакција

На 27-годишна девојка и се слошило во хотел во Чаир, починала на Клиника

Редакција