еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Судбината на Груевски во рацете на „лошото момче“ Виктор Орбан

Ќе дозволи ли унгарскиот премиер Виктор Орбан екстрадикција на екс-премиерот Никола Груевски е прашање што заслужува внимание посебно ако се земе имиџот на Орбан, кој во повеќе наврати поради пркосењето на одлуките на ЕУ и и воопшто на Западот и кокетирањето со Русија изгради имиџ на „лошо момче“ во Унијата.

„Блумберг“ и останатите светски медиуми веќе пишуваат дека сега Орбан се наоѓа меѓу чеканот и наковалната, бидејќи доколку контрира на притисокот од Европската Унија за екстрадикција на Груевски во Македонија, тоа ќе биде сфатено дека тој е руски играч.

Како и да е, со оглед на тоа што унгарските закони не дозволуваат екстрадикција додека трае постапката поврзана со барањето политички азил извесно е дека Груевски и Орбан ќе имаат време да играат на таа карта и да го одолговлекуваат екстрадирањето во земјава каде што Груевски треба да ја одлежи првата казна затвор од две години за набавката на луксузниот мерцедес.

Истовремено, никој не може да гарантира дека Груевски и доколку не добие азил ќе остане во Унгарија и дека нема да пребега на друго место. Во тој случај, Унгарија би избегнала одговорност, бидејќи ако македонските власти дозволија Груевски да им побегне пред очи, тогаш зошто истото не би се случило и во Унгарија.

Фото:Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Што пишуваше Груевски пред да побегне за одењето во затвор: “Нека ме уапсат, затворат и малтретираат“

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неизвесно каква зима не очекува на полето на енергетиката, вели Бислимоски

Редакција

Од утре му почнува мандатот: ДИК и официјално му го врачи уверението на Пендаровски

Редакција

Извршител заплени удел во фирма на Цветан Панделески од 2,6 милиони евра

Редакција