еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Судбината на Груевски во рацете на осумтемина пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Ќе го одземе ли Собранието пратеничкиот мандат на екс-премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е топ тема деновиве во македонската јавност, што е разбирливо ако се земе предвид дека се ближи 8 ноември, денот кога тој треба да се пријави на издржување казна затвор од две години заради набавката на лускузниот мерцедес.

Претседателот на Собранието Талат Џафери до претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања веќе го доставил барањето испратено од судот за одземање на мандатот Груевски.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски потврди дека барањето е доставено до него и најави дека седницата на која што ќе биде разгледувано треба да биде закажана во рок од 15 дена.

Тој не сакаше да прецизира кога точно ќе ја закаже седницата, само нагласи дека роковите ќе бидат запазени.

Според деловникот, мандатот на пратеникот може да му биде одземен доколку е фатен во извршување кривично дело за кое е пропишана казна од најмалку пет години, доколку е осуден на казна затвор што го прави недостоен за вршење пратеничката функција и доколку е осуден на затворска казна за кривично дело кое се гони по службена должност.

Ако барањето за одземање на мандатот помине во Комисијата за деловнички и мадатно имунитетни прашања, Собранието треба да расправа за него на првата наредна пленарна седница. Одлуката за одземање на пратеничкиот мандат, според член 65 од Уставот, се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Како што е веќе познато, власта успеа да обезбеди двотретинско мнозинство пратеници за да помине Преспанскиот договор по што осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за“, беа исклучени од партијата.

Сега останува да се види дали тие ќе му го свртат грбот на својот поранешен лидер и колега од пратеничките редови и ќе гласаат за одземање на неговиот пратенички мандат.

Фото:Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арнаудов и Василевски не сакаат да кажат дали ќе гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски

Никола Груевски еден од „понеработливите“ пратеници

Правни лавиринти и лекови: Ќе „лежи“ ли затвор екс-премиерот Груевски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковид-кризата доведе до намалена сексуална желба кај македонските граѓани, еректилна дисфункција и монотонија, вели Сузана Милиќ од „Валијант“

Редакција

Убава вест: Испишани девет пациенти од Клиниката за инфективни болести

Редакција

Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на бебето во Охрид

Редакција