еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „27 април“: Тарчуловски му пишува Мицкоски „не би било фер да се враќаме во Собрание без да ги пуштат затворените луѓе“

На снимка од вештачењето спроведено на 14 јуни годинава за настаните во Собранието од 27 април 2017 година се гледа како лице од толпата го повлекува пратеникот Зијадин Села, а други лица го фаќаат и почнуваат да го тепаат. Од снимката, како што рече обвинителката Ивана Трајчева на денешното судење, може да се види дека по Села удирале и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски.

Адвокатката на Пепиќ даде приговор на коментарот на обвинителката, велејќи дека не се гледа никаков контакт на Пепиќ и Села.

Приговор дадоа и обвинетите Пепиќ и Михајловски, посочувајќи дека не го удирале Села..

Претходно на денешното рочиште во Кривичниот суд  за настаните од „27 април“ се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група.

Во вибер комуникација меѓу Јохан Тарчуловски и Даре УМС Бутел од март 2017 година, од Јохан се бара да им среди кај Чавков за некое дело за неколку деца, на што обвинетиот Тарчуловски му одговра дека ќе среди. Потоа во порака Даре му пишува на Јохан да се јави кај судија да среди за постапката.

Во комуникација, пак меѓу двајцата на 27 април Јохан го известувале за состојбата надвор пред Собранието, а тој му пишува да извршат појак притисок.

Во комуникација пак од јануари 2018 година меѓу Тарчуловски и Борис од кабинетот на Иванов, Јохан пишува дека не попуштаат за 27. и дека не се држат до ветеното.

На судењето е презентирана и порака меѓу Мицкоски и Тарчуловски. Мицкоски пишува: „последното инфо од денеска е позитивно, дека утре и задутре ќе се решава”. Јохан пишува: „а имаат ли сите жалби поднесено“, Мицкоски одговара „да сите, а Јохан да сите 36“.

На 16 јануари 2018 година Тарчуловски му кажува на Христијан Мицкоски дека оди во Обвинителство да даде изјава.

Тарчуловски на 26 декември му пишува на Мицкоски: “Не би било фер, ни корекно да се враќаме во Собрание без да ги пуштат затворените луѓе. Ќе биде контра ефект. Ќе почнат поголеми напади и плукања по нас. На тие луѓе внатре ние сме им последна шанса. Би требало да се направи поголем притисок за да се издејствува слобода. Сите го очекуваат тоа од нас“.

Мицкоски му враќа: „Јохан не знам како ти е пренесено, но работиме на тоа“, на што Тарчуловски одговара: „Тогаш се е ок. Важно да не се попушти пред ослободување на луѓето“.

Тарчуловски пишува: „Имаше ли нешто ново. Ќе остане ли на зборот“, а Мицкоски: „Јохан, ние го направивме нашето, сега до него е. Му пишав денес ми врати позитивен одговор“. На тоа Јохан пишува: „Ајде со Господ, ќе биде. Како се снаоѓаш, ќе биде добро. Реално добро поминуваш кај луѓето. Само да се издигнеме од мртвилово“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Метлата“ не е принцип кој што ДУИ го користи, рече Османи

Редакција

Три скопски општини со по над 100 активни случаи на Ковид-19

Редакција

Димитриевска поднесе претставка за судиката кој пресуди за сообраќајката кај “Млечен“, ќе следува и за обвинителката

Редакција