еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Монструм“: Фетаи праша дали воопшто е побарана екстрадиција за обвинетите Демри и Исмаиловиќ од Косово

Со читање на транскрипти од разговори и СМС пораки во кои се опфатени разговори меѓу непознати лица со лицата Арменд и Фада, во кои тие прашуваат дали знаат нешто за убиството во близина на обиколницата кај Сингелиќ, денеска почна рочиштето за убиството на момчињата и рибарот на Смилковското Езеро.

Во транскриптите што ги читаше судијата Осман Шабани се слушна дека повеќето од лицата што беа прашани не слушнале за убиството.

Пред почетокот на судењето обвинителката Фатиме Фатаи побара одговор од министерката за правда Рената Десковска дали воопшто е побарана екстрадиција за обвинетите Алил Демри Африм Исмаиловиќ, бидејќи, како што рече, цела година судот добива едно исто известување дека постапката е во тек.

Адвокатот на одбраната Насер Рауфи рече дека барањето веќе еднаш е одбиено за екстрадиција и дека нема потреба да се бара повторно.

Адвокатката на оштетените пак инфомира дека неколку пати доставиле барање за да бидат известени за екстрадицијата, како и за закажување на седница на Владата со точка на дневен ред за екстрадицијата на двајцата осомничени, но дека до сега не добиле конкретен одговор без да се наведе што е превземено.

Родителите на убиените момчиња побараа средба со министерката за правда и таа да се оствари до одржување на следното рочиште.

Судскиот процес, познат како „Монструм“, го води судијата Огнен Ставрев, а застапнци на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово не одговара на барањата на Македонија за екстрадиција на обвинетите за „Монструм“, Демири и Исмаиловиќ

За „Монструм“ било предупредувано, знаеле советник на претседателот и „Радникот“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Дуел со Мицкоски во секое време, но претходно да каже дали го поддржува Преспанскиот договор

Редакција

Двотретинското мнозинство се уште „виси“, седницата за уставните измени продолжува утре

Редакција

Македонија исчезнува: Намален бројот на живородени деца, зголемен бројот на умрени лица

Редакција