еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Монструм“: Поранешниот министер Беџети имал средба со семејства на обвинети за случајот

Поранешниот министер за правда, Блерим Беџети и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска имале различни убедувања за случајот „Монструм”, рече на денешното судско рочиште Беџети, кој во својство на сведок даваше исказ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

Додаде дека тие како политички субјект барале да се повтори судењето за овој предмет.

– Сметам дека е целисходно да се анализират сите разговори. Судството во овој и во некој други случаи се разниша. Оттука излегува и нашето барања за одложување за предметот и негово повторување. Не беше само за изборите. Ние како политички субјект континуирано баравме да се повтори. Тоа јавно го имаме кажано, не за да се заштити некој, туку заради тоа што се разнишаа и меѓуетничките односи, изјави Беџети во Кривичниот суд.

Тој кажа дека имал една средба со семејствата на обвинети, на која од него, бидејќи во тоа време бил министер за правда е барано да се води фер, праведна и транспарентна постапка.

Во однос на процедурата за екстрадиција на осомничените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, сведокот Беџети, појасни дека како министер за правда, сите дејствија ги преземал според закон.

Како сведок на денешното судење за „Монструм“ треба да се појави и Муса Џафери, поранешен вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

При презентација на „бомбите” од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, јавноста имаше можност да слушне како Беџети и Џафери, комуницирале со други лица во однос на овој предмет.

Воедно, на оваа рочиште треба да се појави и сведокот Зоран Трајковски (полициски службеник) кој во „бомбите”, се слуша како комуницира со друго лице и објаснува дека на Синиша Алексовски му пренел дека пред 12 април може да се случи некој немил настан, напад на полициска станици и слично.

Во однос на оваа прашање Алексовски (поранешен советник за безбедност во кабинетот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов ) потврди дека имал комуникација со Трајковски. Добил од него усна информација дека има движења на екстремистички групи кои би можеле да нападнат полициски станици, но дека не му била потврдена.

На претходните рочиште за петкратното убиство на Смилковско Езеро, сведочеше речиси целиот врв на МВР од 2012 година.

Судењето за „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје одложен за идниот понеделник

Редакција

Интерес на Бугарија е Македонија да постои, бидејќи ја раскинува копнената врска помеѓу Србија и Грција, вели бугарски историчар

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција