еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, одложено за 12 септември

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ „Талир” се одложува за 12 септември, поради отсуство на еден од поротниците.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, спроведен од притвор, Кирил Божиновски спроведен од куќен притвор, како и пратеникот Илија Димовски и Леко Ристоски.

На екс-премиерот Никола Груевски му се суди во отсуство.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува почетокот поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не викал Скопје или ФИРОМ: На новиот градоначалник на Солун му било тешко да каже Северна Македонија

Редакција

Во Министерството за одбрана досега не се разгледувала никаква можност за задолжителен воен рок

Редакција

Нови 1.216 случаи на Ковид-19 од 3.716 тестирања, во Скопје 624

Редакција