еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за предметот „Т.Н.Т“ одложено, Груевски сакал да присуствува на седницата во Собрание

Судењето за предметот ТНТ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се одложува за 25 октомври откако Судот го уважи барањето на обвинетиот Никола Груевски да присуствува на седницата во Собранието на Република Македонија на која на дневен ред е предлогот за пристапување кон уставни измени.

Пред почетокот на денешното рочиште, Груевски од Судот побара да му биде дозволено како пратеник да присуствува на седница во Собранието. Рече дека досега не се повикал на пратеничката функција, но смета дека денешната седница закажана во 11 часот е важна и треба да присуствува.

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, рече дека доколку Обвинителството нема против, судот може да го одложи денешното рочиште за 25 октомври.

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми не кажа ништо против предлогот.

На денешното рочиште требаше да бидат изнесени материјални докази за предметот за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

Во судница беа присутни сите обвинети, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешнот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинеијата на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Цановски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги отворат „картите“: Избори или промена на Уставот

Латас, Груевски и Јанакиески на суд: Нови рочишта за „Тревник“ и „Т.Н.Т.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријателот на Орхан Бајрами Оки, кој беше ранет при неговото убиство е во стабилна состојба

Редакција

Поради смртен случај на еден од обвинетите, презакажана главната расправа за „Моќник“

Редакција

Ќе има ли смена на Христијан Мицкоски?

Редакција