еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Рекет” продолжува со последните сведоци на Боки 13

Последните сведоци предложени Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинет во случајот „Рекет”, треба да бидат сослушани на денешното рочиште за овој судски предмет.

На последното рочиште сведочеа стилистот Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика, Марија Јанковска и сопственикот на галерија, Алекс Кртов. Требаше да бидат сослушани и Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовче Ременски, но беа повлечени од одбраната, а сведокот Лидија Јаневака доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.

Овој случај каде обвинета е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, го води судијката Васка Николовска – Масевска, додека обвинението го застапуваа обвинителката Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

Пресудата против него уште не е правосилна затоа што одбраната најави жалба пред Апелацискиот суд во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев: „Левица“ е оштетена за околу 10 илјади гласа, украдени ни се тројца пратеници

Редакција

Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако запалиле корења од домати

Редакција

Убава вест: 359 оздравени од Ковид-19

Редакција