еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењето за „Рекет“ стартува на 3 декември, ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска

Предметот „Рекет“ во кој  се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец стартува на 3 декември во 10 часот, информираат од Кривичниот суд.

Судењето ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска.

Јовановски е првообвинет во случајот. Тој е обвинет дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“,

Јанева и Милевски се обвинети за „примање награда за противзаконито влијание“.

Јанева се товари и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јовановски и Јанева се уште се во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, а Кичеец е во домашен притвор.

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела намалување на бројот на починати од Ковид-19

Редакција

Уште седуммина од „Планина“ се спогодија со Обвинителството

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 31 лице, изречени 516 казни за неносење маска

Редакција